Добриот дизајн и квалитетното пакување се приоритет на секоја компанија која држи до себе и до сопствениот бренд. Нашата палета на производи целосно ја прилагодуваме на Вашите специфични потреби, и истата опфаќа дизјнирање, производство и печатење на кутии за рачно или автоматско пакување, брошури, флаери, самолепливи етикети, книги и друг рекламен материјал. Работиме со картон во најразличен квалитет (хромо картон - бел и сив, бел картон без рециклат, кунздрук, микровал итн) и доработка (целосен и селективно применет УВ лак, сјаен и мат пластификат, каширање, злато печат), во граматури до 500 г/м2. Богатата референтна листа на наши долгогодишни купувачи е потврда за квалитетот на услугите и производите кои ги нудиме.